Политика за приватност

Последно ажурирање: 14 април 2026

1. Контролор на лични податоци

Друштво за информатички услуги и трговија ОВАТИК ДООЕЛ Скопје

Матичен број: 7400489

Адреса: Мишевска 14, Скопје, Република Северна Македонија

Е-пошта: contact@ovatik.com

2. Кои податоци ги собираме

Преку контакт формата на нашиот веб сајт, ги собираме само податоците кои вие доброволно ги внесувате:

  • Име и презиме
  • Е-пошта адреса
  • Телефонски број (доколку го внесете)
  • Содржина на пораката

3. Цел на собирање

Вашите податоци ги користиме исклучиво за да одговориме на вашето прашање или барање испратено преку контакт формата.

4. Чување на податоци

Податоците од контакт формата не се чуваат во база на податоци. Тие се испраќаат директно на нашата е-пошта адреса. Податоците се чуваат само во рамки на е-пошта кореспонденцијата колку што е потребно за да се одговори на вашето барање.

5. Споделување со трети страни

Не ги споделуваме вашите лични податоци со трети страни. Податоците се достапни само на овластените лица во ОВАТИК ДООЕЛ.

6. Колачиња (Cookies)

Овој веб сајт не користи колачиња (cookies) и не врши следење (tracking) на посетителите.

7. Вашите права

Согласно Законот за заштита на личните податоци на РСМ, имате право да:

  • Побарате информација дали обработуваме ваши лични податоци
  • Побарате пристап до вашите лични податоци
  • Побарате исправка или бришење на вашите податоци
  • Поднесете приговор до Агенцијата за заштита на лични податоци

За остварување на вашите права, контактирајте нè на contact@ovatik.com.

8. Промени на политиката

Го задржуваме правото да ја ажурираме оваа политика. Секоја промена ќе биде објавена на оваа страница со ажуриран датум.